Life hot on the air

Приклучи се!

  • Креирај ја плеј листата на Лајф радио
  • Споделувај музика, слики и видеа
  • Учествувај во наградни игри
  • Слушај ги сите актуелни хитови он-лајн

Најава

Запомни ме

Концерт во чест на Michael Jackson

20
Aug 2008
  • PDF
20 Aug 2008

Музичари и три генерации од семејството на Michael Jackson, меѓу кои и неговите деца, зедоа учество на концертот во чест на кралот на поп музиката, преку кој фановите беа повикани да се фокусираат на неговата музика, наместо смрт.

Концертот се одржа на Милениумскиот стадион во Велс, пред  55.000 луѓе, изминатиот викенд.

Концертот насловен “Michael Forever” беше обременет со судењето на докторот Conrad Murray обвинет за неговата смрт, лошата продажба на билети и разидувањата во семејството Jackson. Но, штом започна 4-часовното шоу сето тоа се заборави и ноќта беше одбележана со музиката на починатата ѕвезда и топлите сеќавања на неговото семејство и пријатели.

“Среќни сме што сме дел од оваа посебна вечер во чест на нашиот татко,“ изјави 13-годишната ќерка на ѕвездата Paris, која заедно со своите браќа - 14-годишниот Prince и 9-годишниот Blanket - се појави на сцената.

Учесниците на концертот меѓу кои Christina Aguilera, Gladys Knight и Cee Lo Green изведуваа песни од богатата кариера на Jackson – од неговото детство со Jackson 5  до успешните соло албуми како "Thriller" и "Bad."

Шоуто беше отворено со настапот на Ne-Yo, кој ја изведе "Billie Jean".  Браќата на Michael - Marlon, Tito и Jackie-  кои заедно со него членуваа во Jackson 5 ја изведоа "Blame It On the Boogie" заедно со британската група JLS. Концертот, на кој настапи и сестрата La Toya, го подели семејството. Jermaine и Randy, како и Janet, решија да не присуствуваат на концертот сметајќи дека е непригодно да се одржи шоуто во време кога е во тек судењето на докторот обвинет за неговата смрт. Мајката на ѕвездата, Katherine, беше во публиката.

Музичката легенда Smokey Robinson изведе соул верзија на "She's Out of My Life." Leona Lewis ја испеа "I'll Be There," Beyonce преку видео врска изведе еден од раните хитови на ѕвездата "I Wanna Be Where You Are", а Jamie Foxx ја изведе "Rock With You." Christina Aguilera испеа една од омилените песни на Jackson -  "Smile" на Charlie Chaplin.

Концертот доживеа климакс кога Gladys Knight ја испеа пригодната "Gone Too Soon", за потоа изведувачите, заедно со децата на ѕвездата, да ја испеат "Don't Stop Til' You Get Enough."

 

Последно освежено на Понеделник, 17 Октомври 2011 08:18

You are here Почетна